• петок, 26 јули 2024

Потпишан меморандум за соработка меѓу библиотеките од Битола и Корча

Потпишан меморандум за соработка меѓу библиотеките од Битола и Корча

Битола, 21 септември 2022 (МИА) - НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола во Корча потпиша Меморандум за соработка во областа на библиотечната дејност со библиотеката од тој албански град.

Активноста е реализирана во рамки на проектот „Билатерална соработка на библиотекари и презентација на библиотечни програми во услови на пандемија (Ковид-19)- искуства на македонски и албански библиотекари во Корча“.

Библиотекарите од двете држави и градови разменија искуства и идеи за работа на библиотеките во сложени услови поврзани со пандемија, презентираа дел од актуелните проекти на библиотеките во Битола и Корча, и потпишаа Меморандум со кој ќе ги интезивираат библиотечните активности. мт/дма/

Остани поврзан