• вторник, 24 декември 2024

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) – Испитување на можноста за развој на нова директна врска меѓу двата системи за гас, како и во рок од 9 месеци да се изработи Физибилити студија и Студија за оценка на влијание на проектот врз животната и социјалната средина за новата гасна интерконекција помеѓу двете држави, предвидува Меморандумот за соработка во полето на гасниот сектор што денеска во Владата го склучија Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерството за рударство и енергетика на Република Србија.

-Врз основа на резултатите од техничките и пазарни истражување и земајќи ја во предвид постојната инфраструктура за пренос на гас кај двете страни, Страните ќе ги анализираат и ќе преземат соодветни одлуки за реализација на проектот и координирање на понатамошни дејствија, се вели во Меморандумот.

Гасниот интерконектор Северна Македонија – Србија е означен како водечки проект за енергетски мрежи во рамки на ЕУСАИР (EU Strategy for the Adriatic and Ionian Region) со што ќе се обезбеди сигурност во снабдувањето за регионот на Југоисточна Европа и ЕУ по пат на имплементација на проектите од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот гасен прстен, преку диверзификација на рутите и изворите за снабдување со гас. вј/aa/

Фото: Министерство за енергетика

 

Остани поврзан