• петок, 20 јуни 2025

Поставен камен темелник за нова црква кај велешкото село Раштани

Поставен камен темелник за нова црква кај велешкото село Раштани

Велес,18 мај 2025 (МИА) - Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители од Повардарската епархија, денеска  постави и  освети камен-темелник за изградба на нов македонски православен храм на градските гробишта во Велес  кај село  Раштани.

Новата црква ќе биде посветена на Лазаревото Воскресение.

Како што истакнаа од Повардарската епархија, секој православен христијанин носи надеж дека при второто Христово Воскресение, и самиот ќе биде воскреснат од Господа, како и праведниот Лазар, и дека ќе биде вечно населен во Царството Небесно.

Изградбата на православниот храм е дамнешна желба на верниците од Велес,  посебно на семејствата кои имаат гробни места кај село Раштани.

Ја финансира Повардарската Епархија со донатори фирми и доброволни прилози од граѓаните-православни верници.ад/лв/

фото:МИА 

Остани поврзан