Поставени нови контејнери за собирање електронски отпад во Струмица
- Општина Струмица во соработка со компанијата „Нула Отпад“ од Скопје постави нови контејнери за елктронски отпад и отпадни батерии, бидејќи во старите се фрлал секаков вид на отпад.
Струмица, 27 јануари 2025 (МИА) - Општина Струмица во соработка со компанијата „Нула Отпад“ од Скопје постави нови контејнери за елктронски отпад и отпадни батерии, бидејќи во старите се фрлал секаков вид на отпад.
Како што информираа од Општина Струмица контејнерите се поставени на 12 нови локации низ градот.
- Апелираме до граѓаните на Општина Струмица правилно да го одлагаат електронскио отпад во овие контејнери. На самите контејнери има упатство за користење, како и кои видови електричен и електронски отпад и батерии може да се депонираат во нив, се наведува во информацијата од локалната самоуправа.
Се додава дека Општина Струмица паралелно со овие активности извршила и едукација на учениците и наставниот кадар од основните училишта за правилно селектирање на отпад и чување на постоечката опрема за селектирање во училиштата. рт/цр
Фото: Општина Струмица