• сабота, 28 декември 2024

Последиците од војната во Украина ги променија потрошувачките навики на Грците

Последиците од војната во Украина ги променија потрошувачките навики на Грците
Атина, 10 мај 2022 (МИА) – Шест од десет Грци ги намалиле потрошувачката на електрична енергија и купувањето храна, а осум од десет „бркаат“ попусти и понуди во маркетите, покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот за малопродажба на стоки за широка потрошувачка на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од Институтот коментираат дека постојат значителни промени во потрошувачките навики на граѓаните кои се припишуваат или на војната во Украина или на последиците од војната, односно зголемувањето на цените на производите и постои јасна тенденција на потрошувачите да заштедат пари при купувањето на основни производи. Поконкретно, 79 отсто од анкетираните рекле дека кога пазаруваат бараат понуди и попусти во супермаркетите, со кои, според Институтот, заштедуваат над 13 отсто, а 74 проценти одговориле дека одбираат поевтини опции за купување производи. За половина од анкетираните, односно за 52 отсто, основен критериум за избор на храна е цената и парите што ќе ги потрошат, а 27 проценти му даваат предност на квалитетот. Потрошувачката на електрична енергија, 60 отсто од испитаниците рекле дека ја намалиле, а 61 отсто велат дека го намалиле целокупното купување производи. Истражувањето било спроведено од 5. до 10 април годинава со вклучени 1.000 потрошувачи. ср/паг/

Остани поврзан