• петок, 31 јануари 2025

Посебни полуподземни контејнери за комунален отпад во центарот на Охрид

Посебни полуподземни контејнери за комунален отпад во центарот на Охрид

Охрид, 30 јануари 2025 (МИА) – Советот на Општина Охрид на денешната седница донесе одлука за издвојување средства од буџетот за поставување полуподземни контејнери за комунален отпад на улицата „Македонски Просветители“ во централното градско подрачје.

Како што појасни секратарот на Општината, Александар Китески, со усвоената пренамена се издвојуваат средства за набавка на полуподземни контејнери со кои ќе се решат одредени критични места во врска со управување со отпадот, посебно на локациите на булеварот „Македонски Просветители“.

- Постоечките контејнери претставуваат грда слика посебно во летниот период на неколку локации долж булеварот. Ќе има неколку локации кои се предложени од страна на ЈП Охридски Комуналец каде ќе се изврши замена на постоечките контејнери со вакви современи полузатворени контејнери за собирање на отпад, посочи Китески. аб/бак/

Фото: МИА

 

Остани поврзан