• вторник, 24 декември 2024

Портпаролката на Трамп ги негираше обвинувањата за отпуштање на трансродовите лица од војската

Портпаролката на Трамп ги негираше обвинувањата за отпуштање на трансродовите лица од војската

Вашингтон, 29 ноември 2024 (МИА) – Портпаролката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и идната претставничка за медиуми на Белата куќа, Керолин Ливит, изјави дека сè уште не е донесена одлука за прашањето на трансродовите лица во американската војска, одговарајќи на некои наводи дека овие луѓе би можеле да бидат отпуштени од војската, јавија денеска американските медиуми.

- Овие неименувани извори шпекулираат и немаат поим за што зборуваат. Ниту една политика нема да биде прогласена за официјална, освен ако не доаѓа директно од претседателот Трамп или од неговите овластени претставници на медиумите, рече Левит, пренесува Fox News Digital.

Непрофитната организација Спарта Прајд, која се залага за правата на трансродовите лица во војската, оваа недела соопшти за порталот Милитари дека околу 15.000 трансродови припадници на војската се распоредени низ светот, вклучувајќи и борбени зони. јт/

Фото: Фејсбук

 

Остани поврзан