• среда, 27 ноември 2024

Пораст на десничарскиот екстремизам во германската армија

Пораст на десничарскиот екстремизам во германската армија
Берлин, 28 октомври 2021 (МИА) - Германското Министерство за одбрана соопшти дека има значително зголемување на бројот на крајнодесничарски инциденти во германската армија. Портпаролот на Министерството за одбрана Дејвид Хелмболд изјави дека бројот на осомничени за десничарски екстремизам се зголемил од 363 во 2019 година на 477 случаи минатата година. Воената контраразузнавачка служба (МАД) поднесе извештај до Бундестагот за 2020 година, во кој се наведува дека најчеста причина за покренување истраги за случаи на десничарски екстремизам се изјавите кои се непријателски настроени кон странците или ксенофобични пораки на социјалните мрежи.
„Се покажа дека екстремистичката закана за основните вредности на нашето отворено општество, за жал, продолжи на релативно високо ниво“, напиша во извештајот претседателката на МАД, Мартина Розенберг. Иако Министерството за одбрана се обврза да води политика на нетолеранција кога станува збор за борба против десничарскиот екстремизам во војската, во последните години имаше голем број инциденти, пренесе Анадолија. На почетокот на овој месец, беше покрената истрага за серија екстремно десничарски инциденти и сексуално насилство во единицата на Почесната гарда. Во јануари 2020 година, Воената контраразузнавачка служба соопшти дека во војската имало речиси 600 осомничени десничарски екстремисти. Елитната антитерористичка единица на КСК се смета за голем проблем со 20 членови осомничени дека се поддржувачи на екстремната десница. паг/  

Остани поврзан