• среда, 27 ноември 2024

Поранешниот српски министер за градежништво Горан Весиќ од притвор пренесен итно во Институтот во Сремска Каменица

Поранешниот српски министер за градежништво Горан Весиќ од притвор пренесен итно во Институтот во Сремска Каменица

Нови Сад, 26 ноември 2024 (МИА) - Поранешниот српски министер за градежништво Горан Весиќ, кој е во притвор и штрајкува со глад поради нагло влошување на здравствената состојба, утринава е префрлен во Институтот во Сремска Каменица, јавија белградските медиуми.
По преглед од страна на специјалист, Весиќ со одобрение на судија за претходна постапка е задржан на одделението за коронарна интензивна нега во таа болница.

Српскиот парламент вчера ги констатираше оставките на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и министерот за трговија, Томислав Момировиќ, со што им заврши мандатот на таа функција.

Весиќ и Момировиќ поднесоа оставки по несреќата што се случи на 1 ноември во Нови Сад, кога се урна бетонска настрешни на железничката станица и загинаа 15 лица, а две се тешко повредени. зш/

Остани поврзан