• недела, 21 декември 2025

Поранешниот претседател на Исланд, Јоханесон работи како туристички водич

Поранешниот претседател на Исланд, Јоханесон работи како туристички водич

Рејкјавик, 4 јуни 2025 (МИА) – Поранешниот претседател на Исланд, Гудни Јоханесон преку летото работи како водич во Националниот парк Тинвелир.

Јоханесон беше најмлад претседател во историјата на Исланд, а неговиот мандат беше од 2016 до 2024 година.

Тој изјави дека поголемиот број туристи не го препознаваат како поранешен шеф на држава.

Чест ми е да ја споделам историјата на ова место и Исланд. Повеќето посетители немаат поим кој сум јас, а тоа е едноставно прекрасно, посочи Јоханесон.

Јоханесон покрај летниот ангажман како туристички водич, и понатаму работи како историчар и има титулата доцент на Универзитетот во Исланд. ми/

фото; Икс

Остани поврзан