• понеделник, 23 декември 2024

Поранешна полицајка од Минесота обвинета за ненамерно убиство за време на рутинско запирање на возило

Поранешна полицајка од Минесота обвинета за ненамерно убиство за време на рутинско запирање на возило
Вашингтон, 14 април 2020 (МИА) – Кимберли Потер, поранешна полициска службеничка од Бруклин Центар, Минесота, денеска беше задржана од полицијата и ќе биде обвинета за убиство без предумисла за време на обид за задржување во неделата. За време од неколку секунди, во она што изгледаше како запирање на возило за рутинска полициска проверка, животот го загуби 20 годишното црномуресто момче Данти Рајт. Возилото било запрено поради истечена регистрација. Кога го внеле името на Рајт во базата, полицајците забележале дека за него има судски налог. Од видео снимено со личната камера на службеничката се гледа како Рајт се обидел да се врати во возилото и да избега. Додека полицијата се обидуваше да го задржи, еден од полицајците, Потер, стрелаше во него од снимката се слуша како службеничката вели, „ќе употребам електрошокер“, а потоа вели „о не, с … јас стрелав во него“. Истрагата подоцна утврди дека Потер, која вчера поднесе оставка од службата, мислела дека држи електрошокер во раката, но наместо да го земе електрошокоерот од својата лева страна, таа автоматски посегнала по пиштолот со десната рака, а мислела дека држи електрошокер, и пукала. Доколку биде осудена, полицајката може да добие до 10 години затвор или да плати казна од 20.000 долари. Убиството на Рајт се случува во време кога во Минеаполис, Минесота, се одржува судењето над поранешниот полицаец Дерек Човин, одговорен за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на слично задржување лани во мај. Во сличен инцидент, во 2016 година во Минесота беше убиен Филандо Кастиле, кога неговото возило беше запрено поради прегорено задно светло. Полицаецот Џеронимо Јанез, беше слободен од обвинувањата за убиство без предумисла и загрозување на безбедноста со користење оружје. кб/

Остани поврзан