• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пораз на Ѓорческа на турнир во Германија

Пораз на Ѓорческа на турнир во Германија

Хешинген, 30.јули 2025 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа загуби во мечот од првото коло на ИТФ турнирот во германскиот град Хешинген. Подобра од неа беше домашната тенисерка Јулија Стушек, која триумфираше со 2-1 во сетови (7:5; 2:6; 6:3) во меч со многу пресврти. 

Во првиот сет мечот беше прекинат во четвртиот гем поради дожд при 2:1 во гемови за германската тенисерка. По враќањето на теренот Ѓорческа освои четири гема и поведе со 5:2. Но, во осмиот гем македонската тенисерка не искористи сет топка, а ривалката направи пресврт и сетот го доби со 7:5 во гемови. Вториот сет почна со водство на Стушек што значеше шест гема во низа, но следуваше подобра игра на Ѓорческа, која сетот го доби со 6:2 во гемови и изедначи на 1-1 во сетови. Почетокот на третиот сет донесе водство за Ѓорческа од 2:0 во гемови, но до крајот на мечот Стушек направи пресврт и сетот го доби со 6:3 и избори пласман во следната рунда.

Мечот траеше 2 часа и 5 минути, а за Ѓорческа слаба утеха е тоа што освои повеќе поени во мечот 92:91.

Следната недела Ѓорческа е пријавена за настап на турнир во Куршумлијска Бања.    мн/

Фото: МТФ

Остани поврзан