• вторник, 24 декември 2024

Поради штрајкот на грчките цариници, товарниот сообраќај на Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија - Ники ќе биде во целосен прекин

Поради штрајкот на грчките цариници, товарниот сообраќај на Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија - Ники  ќе биде во целосен прекин

Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Царинската управа (ЦУ) информира дека почувајќи од вечерва на полноќ, во 00:00 часот, до 23:59 часот во среда, поради најавениот дводневен штрајк на царинските служби во Грција, на граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија - Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин, освен за расипливи стоки.

Според ЦУ која се повикува на информациите добиени од Амбасадата на Република Грција во Скопје, патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период. мч/аа/

фото: Царинска управа

 

   

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан