Поради наноси од снег во прекин сообраќајот на потегот од село П`клиште до село Герман
- Од 11:20 часот регионалниот пат Р2248 од село Ранковце – село Герман, во Општина Ранковце, на потегот од село П`клиште до село Герман не е прооден за сите видови на моторни возила.

Скопје, 4 февруари 2023 (МИА) - Од 11:20 часот регионалниот пат Р2248 од село Ранковце – село Герман, во Општина Ранковце, на потегот од село П`клиште до село Герман не е прооден за сите видови на моторни возила.
Прекинот на сообраќајот, како што соопшти АМСМ, е поради врнежи од снег и наноси на снег на патот направен од силен ветер. вг/ац/