Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
- Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри има во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар.

Скопје, 18 јануари 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри има во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар.
ЈП Македонијапат информира дека со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.
Исто така, на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. сст/дма/
фото МИА архива