• понеделник, 16 декември 2024

Поради дефект на владиниот авион, откажана денешната посета на Мицотакис на Бејрут (ДПЛ)

Поради дефект на владиниот авион, откажана денешната посета на Мицотакис на Бејрут (ДПЛ)

Атина, 6 декември 2024 (МИА) – Поради технички проблем на владиниот авион што не можеше да се надмине до предвиденото време на тргнување и не можеше да се даде дозвола за полетување, посетата на премиерот на Либан е одложена за неколку дена, објасни портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис во интервјуто за телевизијата „Опен“, јави дописничката на МИА од Атина.

Посета на Бејрут на грчкиот премиер што беше закажана за денеска, се откажа и одложи за следните денови поради дефект на владиниот авион, а од кабинетот на Мицотакис, како што сабајлево обја МИА, информираа дека согласно известувањето од Генералштабот на воздухопловството, владиниот авион има техничка дефект и не е изводливо да се спроведе планираното патување на премиерот во Либан и додадоа дека посетата се одложува за следните денови.

Маринакис во интервјуто објасни дека проблемот на авионот бил откриен доцна синоќа за време на проби што се вршат ден претходно, а на прашањето зошто не заминал со друг авион, посочи дека постојат и посебни безбедносни причини, но и нагласи дека патувањето, кое е со висока симболика, ќе се реализира.

На вчерашниот редовен брифинг со новинарите портпаролот на грчката Влада рече дека посетата на Мицотакис „има висока симболика и значење, бидејќи Кирјакос Мицотакис е првиот лидер на трета земја и членка на Европската унија што ќе го посети Бејрут по договорот за прекин на огнот и испраќа порака за стабилност и мир, како и порака за силната улога и присуство на Грција во регионот“

Планирано беше грчкиот премиер да се сретне со премиерот на Либан Наџиб Микати и претседателот на либанскиот Парламент Набих Бери. ср/

Остани поврзан