• петок, 04 октомври 2024

Поради грешка во пресметката, Пентагон испраќа уште две милијарди долари за оружје во Украина

Поради грешка во пресметката, Пентагон испраќа уште две милијарди долари за оружје во Украина

Вашингтон, 26 јули 2024 (МИА) - Пентагон утврди дека се направени грешки во износ од две милијарди долари во пресметката за муниција, проектили и друга опрема испратена во Украина, што овозможило да се пронајдат дополнителни две милијарди долари за оружје за Украина.

Како што покажа извештајот на владината сметководствена канцеларија, американското Министерство за одбрана се соочува со тешкотии во прецизната проценка на вредноста на воениот материјал испратен во Украина, поради нејасните дефиниции во пресметката.

На овој начин во 2023 година дошло до грешка во проценката на испратеното оружје и материјали од 6,2 милијарди долари. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан