Поради врнежи од снег забрана за камиони на Стража и на патот Маврово - Дебар
- ЈП Македонијапат вечерва информира дека поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово - Дебар.

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Јавното претпријатие „Македонија пат“ вечерва информира дека поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово - Дебар.
Од 22:50 часот е воведена забраната на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во двата правци, а од 23 часот и на патниот правец Маврово - Дебар. ев/бак/
Фото:МИА Архива