• понеделник, 29 јули 2024

Поради вежби на МВР утре во прекин сообраќајот на регионалниот пат кон Пониква

Поради вежби на МВР утре во прекин сообраќајот на регионалниот пат кон Пониква
Штип, 18 јануари 2021 (МИА) - Сообраќајот на регионалниот пат Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром“ до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин утре во периодот од 08:00 до 16:00 часот поради одржување на вежбовни активности од припадниците на МВР на Република Северна Македонија, информираат од СВР Штип. СВР Штип апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. аа/нд/

Остани поврзан