• недела, 28 јули 2024

Поради автотрка од 11 до 16 часот затворен за сообраќај патот Кочани - Пониква

Поради автотрка од 11 до 16 часот затворен за сообраќај патот Кочани - Пониква
Скопје, 15 мај 2022 (МИА) - Поради одржување на меѓународен авто натпревар за ФИА-Централно Европска Зона (ФИА-ЦЕЗ) денеска патниот правец Кочани – Пониква ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 11:00 до 16:00 часот. На останатите патни правци сообраќајот се одвива непречено по суви коловози, со умерен интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан