• сабота, 21 декември 2024

Помпео: САД ги поддржуваат сите кои се борат за неотуѓивите човекови права 

Помпео: САД ги поддржуваат сите кои се борат за неотуѓивите човекови права 

Вашингтон, 10 декември 2020 (МИА) - Државниот секретар Мајк Помпео испрати соопштение по повод Меѓународниот ден на човековите права што се одбележува денеска, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Меѓународниот ден на правата на човекот ja слави Универзалната декларација за човекови права, се вели во денешното соопштение. Помпео истакна дека овој ден има посебно значење за Американците, „бидејќи САД се првата земја заснована на вербата дека сите индивидуи се создадени еднакви и создателот им дал одредени неотуѓиви права“. 

Државниот секретар истакна и дека една прва дама на САД (Елеонор Рузвелт) всушност ја свикала конференцијата на ОН за усвојување на декларацијата во 1948 година. 

- При Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, Стејт департментот презеде клучна улога во промоција и заштита на неотуѓивите човекови права, истакна тој. 

Стејт департментот годинава објави извештај на Комисијата за неотуѓиви човекови права, во кој е повторно истакната глобалната улога што САД ја играат во оваа област. 

- Ја демонстриравме на целиот свет нашата тврда поддршка за сите кои се борат за неотуѓивоста на човековите права и човечкото достоинство, од Синцзјан до Лаос, од Минск до Исламабад, истакна Помпео.  

Еден од клучните инструменти на САД за борба против нарушителите на човековите права во светот е Глобалниот акт Магнитски, замена на aмандманот Џексон-Веник од епохата на Студената војна. Покрај својата антикорупциска намена, актот Магнитски ги санкционира и нарушителите на човекови права насекаде низ светот. кб/

Остани поврзан