Пол Манафорт ќе ја отслужува затворската казна од дома
- Пол Манафорт, поранешен шеф на предизборната кампања на Доналд Трамп, денeска е пуштен од затвор да ја отслужува казната од дома, поради загриженост од зараза на коронавирус, соопшти денеска
Вашингтон, 14 мај 2020 (МИА) Пол Манафорт, поранешен шеф на предизборната кампања на Доналд Трамп, денeска е пуштен од затвор да ја отслужува казната од дома, поради загриженост од зараза на коронавирус, соопшти денеска Ен-пи-ар.
Манафорт е на возраст од 71 година и одлежува седум годишна затворска казна.
Казната ја отслужува во слабо обезбеден затвор во Пенсилванија откако беше осуден за даночна измама, банкарски малверзации и заговор. Обвиненијата беа подигнати како дел од истрагата на поранешниот специјален обвинител Роберт Малер за вмешаноста на Русија во претседателските избори во 2016 година.
Манафорт побара од Федералното биро за затвори да замине од затвор и да ја служи казна во домашно заточение, поради стравувања по своето здравје, дека може да биде изложен на смртоносниот коронавирус. Затворите се места каде вирусот лесно се шири и тешко се постига држење физичка дистанца. кб/