• среда, 17 декември 2025

Полските борбени авиони во зголемена готовност поради рускиот напад врз западна Украина

Полските борбени авиони во зголемена готовност поради рускиот напад врз западна Украина

Варшава, 9 јули 2025 (МИА) – Полски и сојузнички воени авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Тревога беше огласена откако Русија почна воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница.

Поголемиот дел од западна Украина беше во воздушна готовност речиси три часа по предупредувањата од украинските воздухопловни сили за напад со руски ракети и беспилотни летала. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан