• среда, 25 декември 2024

Собраниската седница на која се разгледуваат амандманите за Предлог Деловникот повторно прекината

Собраниската седница на која се разгледуваат амандманите за Предлог Деловникот повторно прекината

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) – Во Собранието повторно прекината 131. седница на која пратениците се изјаснуваат за поднесените амандмани на пратениците за Предлог Деловникот на Собранието. Меѓу нив се и амандамните на Левица. Според информациите од Собранието, за изјаснување се останати уште три амандмани. 

Попладнево 131. седница беше неколку пати прекината поради негодувањата и инцидентот што го предизвикаа пратениците од Левица. 

Пред последната дадена пауза пратеникот Димитар Апасиев повторно побара прекинување на седницата и со чевла удираше по амандманите. Апасиев исто така упати навреди кон присутните пратеници од владејачкото мнозинство и опозицијата и констатира дека од денеска во Собранието не постои парламентарна демократија.

-Бидејќи не знаеме за кој амандман станува збор, не знам како да се произнесам и затоа ќе си поќутам за да оддадеме едноминутно молчење на демократијата,  едноминутно молчење за парламенталната демократија во оваа Собрание, истакна Апасиев.

Пратеникот Борислав Крмов исто така настојуваше седницата да биде прекината по што му ја зеде картичката за пријавување во системот на потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, кој ја води седницата и истури кутија со листови пред него. Откако тој разговараше со него, повторно ја прекина седницата за половина час.

Претходно седницата исто така беше прекината откако пратениците од Левица постојано бараа седницата да не се одржува, се расфрлаа со листови со амандамните за Предлог Деловникот на Собранието и посегаа по дел од преостанатиот инвентар од претседавачката маса.свс/ев/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан