Полицијата привела тројца велешани кои фрлале предмети кон вработени на ЕВН и нивното возило
- Полициски службеници од велешкиот Сектор за внатрешни работи вчера ги привеле 18 годишниот Е.Б., 23 годишниот Р.Б. и 27 годишниот Ф.В., сите од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнале вработени во ЕВН Македонија, кои извршувале службени задачи, кога фрлале тврди предмети кон нив и нивното службено возило,информираат денеска Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
Велес,12 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници од велешкиот Сектор за внатрешни работи вчера ги привеле 18 годишниот Е.Б., 23 годишниот Р.Б. и 27 годишниот Ф.В., сите од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнале вработени во ЕВН Македонија, кои извршувале службени задачи, кога фрлале тврди предмети кон нив и нивното службено возило,информираат денеска Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
Додава дека за настанот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.ад/
Фото: МИА