• понеделник, 23 декември 2024

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот со вевчанскиот лекар

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот со вевчанскиот лекар
Охрид, 25 октомври 2022 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки по насока на надлежното Јавно обвинителство за расчистување на случајот со лекар од Вевчани, кој, според гласините лекувал пациенти без соодветна диплома. - По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопштиja денеска СВР Охрид. Директорот на Здравствен дом Вевчани Јован Стојковски, во изјава за МИА посочи дека истрагата е во тек и оти не сака да го коментира случајот. - Истрагата е во тек, оставам полицијата да си ја заврши својата работа и да излезе со детали, изјави Стојковски. Според информациите, за кои се зборува во Вевчани, вработен во Здравстве дом лекувал пациенти со лажни документи дека е лекар. Тој бил ангажиран во установата од 2016 година со договор на дело, а по две години трансформиран во вработен на неопределено време. сс/цр

Остани поврзан