• среда, 27 ноември 2024

Полицијата во Кентаки во потрага по вооружено лице, осомничено за неселективно пукање на автопат

Полицијата во Кентаки во потрага по вооружено лице, осомничено за неселективно пукање на автопат

Вашингтон, 8 септември 2024 (МИА) - Полицијата во Кентаки пребарува нерамен терен во близина на националната шума во потрага по осомничениот кој со огнено оружје рани најмалку седум лица во возила на меѓудржавниот автопат, соопштија службениците.

Инцидентот се случил околу 18 часот по локално време, а полицијата била известена за пукање кон повеќе возила на меѓудржавниот автопат 75, во близина на гратчето Лондон, во округот Лорел. Според локалните медиуми, истрелите доаѓале од шумско подрачје или од надвозник.

Рандал Ведл, градоначалник на Лондон, мал град од околу 8.000 жители во близина на националната шума Даниел Бун, околу 145 километри јужно од Лексингтон, изјави на Фејсбук дека седум лица се повредени, вклучувајќи некои кои биле застрелани. Рече дека засега нема починати. Полицијата не даде дополнителни детали за бројот или природата на повредите.

Ведл ги замоли сите во околината да ги „држат вратите заклучени“ додека осомничениот е на слобода.

Дел од автопатот во близина на местото на пукањето во Кентаки беше затворен, но подоцна повторно беше отворен, иако осомничениот сè уште е во бегство.

Локалната полиција објави црно-бела фотографија од 32-годишниот белец Џозеф А. Кауч, „лице од интерес“, за кое се верува дека е вооружено и опасно, и замоли секој што има какви било информации за неговата локација да ја извести полицијата. ссм/

Остани поврзан