• понеделник, 23 декември 2024

Политико: Унгарија постави услов за деблокирање на пакетот финансиска помош за Украина

Политико: Унгарија постави услов за деблокирање на пакетот финансиска помош за Украина

Будимпешта, 9 јануари 2024 (МИА) - Унгарија сигнализираше дека може да го укине ветото на пакетот финансиска помош на Европската унија за Украина во вредност од 50 милијарди евра, доколку финансирањето се оценува и се гласа на годишно ниво, објави порталот „Политико“, цитиран од агенцијата Укринформ.

Будимпешта сигнализираше дека може да го укине ветото доколку Европскиот совет едногласно го одобри финансирањето на годишно ниво, изјавија тројца европски дипломати.

Политико наведува дека тоа ќе му даде на унгарскиот премиер Виктор Орбан можност да го блокира европското финансирање за Украина секоја година, како и да бара отстапки од Брисел во замена за укинување на ветото.

Порталот истакнува дека неколку европски дипломати и понатаму се скептични, додавајќи дека одлуката да се обезбеди помош на годишно ниво нема да обезбеди предвидливост на Украина.

-Седумгодишната буџетска рамка на ЕУ е повеќегодишна рамка и не може да се менува секоја година, рече еден од тројцата споменати европски дипломат.

Укрионформ најавува дека финансиската помош на ЕУ за Украина ќе биде разгледана на утрешниот  состанок на постојаните претставници во Советот на ЕУ. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан