Познати четвртфиналните групи во Купот на Македонија во ракомет
- Во Ракометната федерација на Македонија денес беше одржана ждрепка за четирите групи од четвртфиналната фаза во националниот куп.

Скопје, 7 март 2024 (МИА) – Во Ракометната федерација на Македонија денес беше одржана ждрепка за четирите групи од четвртфиналната фаза во националниот куп.
Бранителот на трофејот Вардар се најде во групата 2, заедно со Пролет, Радовиш и Голден Арт.
Шампионот Еурофарм Пелистер е во групата 4 со Скопје, Охрид и Куманово.
Вицепрвакот Алкалоид ќе игра во групата 2 се Бутел, Вардар Неготино и Струга.
Групата 1 ја сочинуваат Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Мулти Есенс и Тиквеш.
Се игра според системот 1-4 и 2-3, а победникот од групите оди во полуфиналето. Натпреварите од групната фаза ќе се игра на 23 и 24 март. зс/
Фото: РФМ