• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пожар во центарот на Кочани – спасена жена од запалена куќа

Пожар во центарот на Кочани – спасена жена од запалена куќа

Кочани, 22 јули 2025 (МИА) - Голем пожар избувна денеска во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во центарот на Кочани. Припадниците на Територијалната против - пожарна служба се на местото на настанот со неколку возила и се обидуваат да го изгаснат огнот.

Од запалената куќа пожарникарите успеале да извлечат повозрасна жена, која, според првичните информации, не е во животно загрозувачка состојба. 

„Браќа Ставреви“ е густо населена улица со куќи една до друга, поради што постои опасност огнот да се прошири. За сега, пожарникарите успеваат да ја локализираат огнената стихија.

Во моментов не можат да се добијат подетални информации, бидејќи гаснењето на пожарот се уште трае.  ис/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан