• недела, 17 ноември 2024

Пожар во НЕ Запорожје, нема промени на нивото на радијација

Пожар во НЕ Запорожје, нема промени на нивото на радијација

Moсква, 11 август 2024 (МИА) - Пожарот во окупираната нуклеарна централа Запорожје нема никакво влијание врз безбедноста на локацијата, уверуваат руските власти.

Руското раководство на фабриката соопшти дека екипите работат на гаснење на пожарот, што избувна во близина на разладните кули на централата и дека пожарот немал никакво влијание врз самата централа и нејзината безбедност.

Евгениј Балицки, назначен од Русија началник на окупираната област Запорожје во Украина, ја обвини Украина дека го подметнала пожарот со гранатирање на соседниот град Енергодар, јавија руски и западни медиуми.

Претходно вечерва, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили подметнале пожар во централата, но увери дека нема промена на нивото на радијацијата.

Нуклеарната централа Запорожје е најголемата во Европа. Таа е окупирана од март 2022 година од Русите, јавија западни медиуми. зш/

Остани поврзан