Пожар во Калифорнија, уништени повеќе од 130 згради, 13. најголем во историјата на државата
- Повеќе од 130 објекти се уништени во пожар во Калифорнија, поради што е наредена итна евакуација во четири окрузи, соопштија денеска властите.
Сакраменто, 27 јули 2024 (МИА) - Повеќе од 130 објекти се уништени во пожар во Калифорнија, поради што е наредена итна евакуација во четири окрузи, соопштија денеска властите.
Пожарот избувна во петокот вечерта и уништи повеќе од 239.000 хектари, приближно колку Сан Диего, што го прави 13-ти најголем шумски пожар во историјата на државата, јави Си-Ен-Ен. паг/
Фото: МИА архива