Пожар во галијата на Вардар во центарот на Скопје
- Пожар избувна во напуштената галија на кејот на Вардар, кај х. Холидеј Ин во центарот на Скопје и во тек е интервенција на пожарникарната служба. Звонко Томевски, командир на противпожарната бригада на Град Скопје, за МИА изјави дека пожарот е локализиран и оти се работи на негово гаснење. - Интервенираат 12 пожарникари со три протовпожарни возила, изјави Томевски.

Скопје, 1 август 2023 (МИА) - Пожар избувна во напуштената галија на кејот на Вардар, кај х. Холидеј Ин во центарот на Скопје и во тек е интервенција на пожарникарната служба.
Звонко Томевски, командир на противпожарната бригада на Град Скопје, за МИА изјави дека пожарот е локализиран и оти се работи на негово гаснење.
- Интервенираат 12 пожарникари со три протовпожарни возила, изјави Томевски.бд/вг/
Фото: МИА