• среда, 13 ноември 2024

Поевтинува дизелот, поскапува ЕУРОСУПЕР БС-95

Поевтинува дизелот, поскапува ЕУРОСУПЕР БС-95
Скопје, 31 октомври 2022 (МИА) – Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,5 денари за литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 99 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе се продава за 90,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за еден денар поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе чини 96 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС - 98 останува иста, односно 92,5 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 0,584 денари за килограм и сега ќе изнесува 50,067 денари. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,87 отсто, кај дизелот има намалување за 1,202 отсто, кај екстра лесното масло намалување за 0,228, а кај мазутот зголемување е за 2,506 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,387 отсто. вј/дма/

Остани поврзан