• сабота, 23 ноември 2024

Поевтинуваат дизелот и мазутот

Поевтинуваат дизелот и мазутот
Скопје, 2 септември 2022 (МИА) - Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за два денари по литар, а мазутот поевтинува за 1,215 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,5 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно  ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 87,5, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 90, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 97,5 денари за литар. Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС, пак, ќе изнесува 52,740 денари за килограм. Како што информираат од РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,754, а кај дизелот намалување во просек за 2,619 отсто, додека курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,132 отсто. вј/аа/                                        

Остани поврзан