• сабота, 23 ноември 2024

Подеста: Очекуваме Фон дер Лајен да присуствува на неформалниот Самит на ЕУ на 17 јуни 

Подеста: Очекуваме Фон дер Лајен да присуствува на неформалниот Самит на ЕУ на 17 јуни 

Брисел, 11 јуни 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен е членка на Советот на ЕУ и очекуваме да присуствува на неформалното заседание на Советот закажано за 17 јуни, изјави заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста. 

Ваквата изјава на Подеста претставуваше одговор на новинарско прашање за коментар на написот во „Политико“ дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел предложил Фон дер Лајен да не присуствува на неформалната средба на лидерите на земјите членки на ЕУ планирана за 17 јуни, на која ќе се разговара за можните кандидати за највисоките позиции во Унијата. 

- Немаме дополнителни информации, а Советот на ЕУ е место што може да даде дополнителни елементи, нагласи Подеста. 

Според тврдењата на „Политико“, Мишел може да реши да не ја покани Фон дер Лајен на средбата од причина што станува збор за неформално заседание на Советот. сп/

Фото: ЕБС

Остани поврзан