• сабота, 23 ноември 2024

Повторно штрајкуваат вработените во лондонското метро

Повторно штрајкуваат вработените во лондонското метро
Лондон, 10 ноември 2022 (МИА) - Лондон е парализиран поради штрајкот на вработените во метрото. Националниот синдикат (РМТ) е против на намалувањето на трошоците и на укинување на околу 600 работни места. Најстарото метро во светот утринава речиси целосно беше парализирано бидејќи повеќето линии беа запрени. Со лондонското метро се превезуваат околу пет милиони патници дневно. РМТ е против и проектот на операторот за промена на начинот на финансирање на пензиите. Денеска и вработените во париското метро стапија во штрајк барајќи повисоки плата. ми/

Остани поврзан