• петок, 08 ноември 2024

Повторно одложена амандманската расправа за Предлог-деловникот на Собранието

Повторно одложена амандманската расправа за Предлог-деловникот на Собранието

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) – Амандманската расправа за Предлог-деловникот на Собранието на Комисијата за деловничко мандатно-имунитетни прашања е одложена за 16 часот.

Пратениците од Левица за МИА информираат дека разговорите со спикерот на Собранието Талат Џафери се во тек. За Предлог-деловникот тие поднесоа околу 1850 амандани, а други амандмани има и од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.   

Консултациите помеѓу пратеничките групи и пратениците на Левица за амандамните почнаа во четвртокот, а за нив се разговара и во текот на денешниот ден. Иако е одложена седницата, од Собранието велат дека е неизвесно дали до крајот на денот воопшто ќе почне седницата на Комисијата за деловничко и мандатно - имунитетни прашања. 

Левица, и понатаму не открива зошто се поднесени амандмани во толкав број, но клучни се оние, како што велат, за филибастерингот, за двојазичноста во Собранието и за верификацијата на мандатите.   

Претседателот на Собранието Џафери претходно на брифинг со новинарите изрази очекување дека новиот Деловник ќе биде донесен со консензус и оти најверојатно ќе биде ставен на дневен ред на новата седница закажана на 2 ноември. 

Деловникот ќе се применува од почетокот на новиот собраниски мандат. Првпат по него ќе постапува актуелниот претседател на Собранието Џафери со свикување на конститутивната седница на следниот парламентарен состав. Новина е тоа дека таа седница нема да може да трае повеќе од три дена.

Новиот Предлог - деловник на Собранието е резултат на петгодишни разговори меѓу пратеничките групи од овој и минатиот мандат коишто започнаа во рамки на Жан Моне процесот со посредство на неколкумина европратеници. свс/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан