• понеделник, 16 декември 2024

Повредите на Педри и Араухо може да донесат над милион евра во касата на Барселона

Повредите на Педри и Араухо може да донесат над милион евра во касата на Барселона

Барселона, 8 јули 2024 (МИА) - Во Барселона можат да инкасираат сосема солидни суми од неколку милиони евра од повредите на Педри и Роналд Араухо, информира „Мундо Депортиво“.

Играчот од средниот ред на „фуријата“ заработи повреда на коленото за време на четвртфиналната пресметка со Германија на ЕП 2024, додека уругвајскиот дефанзивец го напушти мечот против Бразил со мускулен проблем.

Правилата на ФИФА во вакви ситуации велат дека секој клуб може да добие отштета од нешто повеќе од 20.000 евра за секој пропуштен ден. Сепак, ова се случува само по 28 последователни дена отсуство поради повреда здобиена за време на обврските на играчот со неговата репрезентација.

Максималното обештетување е во износ од 7,5 милиони евра. Практично, отсуството на секој од двајцата играчи ќе може да почне да носи финансиски дивиденди на Барселона дури на почетокот на август, кога ќе истечат тие 28 последователни дена.

„Мундо Депортиво“ пресметува дека тоа може да донесе над 700.000 евра во касата на Каталонците, доколку се оправдаат првичните прогнози за отсуство на Араухо од над два месеци. Слична е ситуацијата и со Педри, тој моментално се предвидува да биде надвор од теренот околу шест недели. дс

Фото: Архива

Остани поврзан