• вторник, 10 март 2026

Повредени четворица малолетници и 21-годишно момче, откако возило излетало од патот Ржаничино - Таор

Повредени четворица малолетници и 21-годишно момче, откако возило излетало од патот Ржаничино - Таор

Скопје, 9 март 2026 (МИА) - Со повреди се здобиле четворица малолетници и 21-годишно момче, откако возило излетало од патот Ржаничино - Таор на скопската територија, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното денеска во еден часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје, на локалниот пат Ржаничино - Таор, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од скопското село Орешани, излетало надвор од коловозот.

- Во несреќата, со повреди се здобиле возачот, двајца сопатници и една сопатничка на возраст од 17-години и 21-годишниот сопатник Б.Г., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, појаснија од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Скопје. бд/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан