• сабота, 21 декември 2024

Повеќе села од Голо Брдо без струја, движењето отежнато поради снегот

Повеќе села од Голо Брдо без струја, движењето отежнато поради снегот
Дебар, 21 јануари 2023 (МИА) – Снегот кој го зафати северниот и североисточниот дел на Албанија ги создаде и првите проблеми, посебно во руралните средини.
 
Во областа Голо Брдо отежнато е движењето по лошата патна инфраструктура, а поради искинати  електропроводници без струја се повеќе населени места.
 
– Снегот го отежна движењето по руралните патишта како во Острени, Требиште, Мартанеш, Зерќан  како и во други села на општина Булќиза. Проблеми врнежите создадоа и врз електромрежата, па повеќе села во Голо Брдо се без електрична енергија, јави Топ чанел.
 
Според истиот извор целата општина Булќиза, под која припаѓа областа,  е под снежна покривка. Локалната полиција апелира до возачите задолжително на возилата да постават синџири, што е задолжително и за возилата со кои се превезуваат рударите во рудникот за хром во Булќиза.
 
Со потешкотии, посебно кај Ќаф Муриз, се одвива сообраќајот на автопатот Руга е Арбрит(патот на Арбр) кој ја поврзува Тирана со преминот „Блато” на албанско – македонската граница кај Дебар.
 
Проблеми предизвикуваат честите одрони од камен и земја, поради кои изминатите денови,  сообраќајот  на автопатот беше во прекин. вт/дма/

Остани поврзан