• недела, 22 декември 2024

Повеќе активности и мерки за обнова на автопатот Скопје - Тетово

Повеќе активности и мерки за обнова на автопатот Скопје - Тетово

Тетово, 15 август 2023 (МИА) - Јавното претпријатие за државни патишта, од почетокот на летото, почна со повеќе активности за рехабилитација и други градежни активности и мерки на автопатот Скопје - Тетово, што ќе се одвиваат и наредната година.

Од Јавното претпријатие информираат дека директорот Ејуп Рустеми денеска извршил увид во одвивањето на работите на државниот пат А2, на делницата Скопје - Тетово.

- На оваа важна сообраќајна артерија, во тек се неколку активности: поправка и рехабилитација на автопатот, во должина од 13 километри и тоа на двата коловоза. Градежните активности се дел од Годишната програма на ЈПДП, за што од буџетот на претпријатието се издвоени 470 милиони денари. Косење на трева, плевел грмушки, кастрење на гранки и сечење на дрва во патен појас, чистење и собирање на смет, како и поставување на заштитна звучна ограда на автопатот Скопје - Тетово, поточно покрај населеното место Сарај, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Предвидено е активностите за поправка и рехабилитација на овој пат да завршат во првата половина од 2024 година. ас/бд/

Фото: ЈПДП

Остани поврзан