• вторник, 10 март 2026

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПФЛ

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПФЛ

Кратово/Тетово, 9.март 2026 (МИА) – Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на гостувањето кај Силекс во Кратово, додека Шкендија во Тетово одигра нерешено 1:1 со Брера. Ова се резултатите од денешните два дуела од 22.коло од ПФЛ:

Вардар до победата дојде со голот на Стефан Цветковиќ во 43.та минута, а домаќинот Силекс од 26.минута играше со десет играчи откако поради втор жолт картон беше исклучен Дарко Додев.

Во Тетово Шкендија од 16.минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Имран Фетаи во 16.минута, но тоа не беше пречка и во 33.минута Шкендија поведе со голот на Ендрит Красниќи во 33.минута. Гостите изедначија во судиското надополнување на вториот дел со голот на Виктор Велкоски во 90+5 минута.

Последниот натпревар од 22.коло се игра утре меѓу Работнички и Арсими со почеток во 14 часот.

Табела: Вардар 55 бодови, Шкендија 52, Струга 47, Силекс 39, Башкими 32, Тиквеш 30, Брера 28, Арсими 26, Македонија ЃП 23, Пелистер 21, Работнички 13, Шкупи 1. мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан