• сабота, 21 декември 2024

Платите растат и во 2024 година, поголема минимална плата од 22.500 денари

Платите растат и во 2024 година, поголема минимална плата од 22.500 денари

Скопје, 3 јануари 2023 

СДСМ го продолжува растот на платите и во 2024 година. Од месец март следува ново покачување на минималната плата и ќе биде 22.500 денари.

Во изминативе 6 години СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. За само неколку години минималната плата порасна повеќе од двојно во однос на 2016 година.

Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа да ја зголеми и просечната плата на 39.000 денари, Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на  2016 година.

Воведовме законски решенија, коишто содржат методологија за пораст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата.

СДСМ продолжува и натаму да го штити стандардот на граѓаните и да го вреднува трудот на работниците.

Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан