Платини: Денеска си ја вратив честа и среќен сум
- Легендата на францускиот фудбал, Мишел Платини изјави дека е „многу среќен“ и се чувствува горд што е ослободен од обвиненијата за корупција од страна на швајцарскиот суд, објавија француските медиуми.

Базел, 25 март 2025 (МИА) - Легендата на францускиот фудбал, Мишел Платини изјави дека е „многу среќен“ и се чувствува горд што е ослободен од обвиненијата за корупција од страна на швајцарскиот суд, објавија француските медиуми.
-Прогонот на ФИФА и некои швајцарски федерални обвинители, кој траеше 10 години, конечно заврши. Сега е готово. Денеска си ја вратив честа и многу сум среќен, изјави 69-годишниот Французин.
Поранешниот капитен и селектор на француската репрезентација прокоментира дека добил 10.000 пораки за поддршка и одлуката на судот ќе ја прослави со одење во ресторан.
Тој рече дека верува дека намерата во овој случај е да го спречи да стане претседател на ФИФА, но сега е премногу стар за да му се врача на фудбалот. Парите кои беа конфискувани и држени од швајцарските власти сега може да му бидат вратени.
Платини и поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, добија забрана за практикување фудбал поради етичко прекршување, првично осум години, но подоцна казната беше намалена. дс
Фото: Архива