Планинарски марш „По патот на виното" во Дисанијата
- Станува збор за кружна винска патека, долга 16 километри. Турата е средно тешка. Се стартува од Долни Дисан, преку Јануица, Венецот, Студена вода, Градот. Одморот и ручекот се во новоотворени

Неготино, 20 ноември 2022 (МИА) - Во рамки на активностите со кои се слави младото вино во ноември, денеска во Дисанијата се реализира планинарскиот марш „По патот на виното". Организатор е планинарското спортско друштво „Фри хајкерс".
- Љубителите на планинарството имаат можност да чекорат по винскиот пат во Дисанијата, позната по многу квалитетно грозје и производи од грозје. Патеката минува низ лозови плантажи што раѓаат грозје во почиста и поздрава околина. Заедно ги славиме грозјето и производите од грозје, велат организаторите.
Станува збор за кружна винска патека, долга 16 километри. Турата е средно тешка. Се стартува од Долни Дисан, преку Јануица, Венецот, Студена вода, Градот. Одморот и ручекот се во новоотворениот планинарски дом „Дедо Ило Јанчев", а маршот завршува кај почетната точка во Долни Дисан. свд/мч/