• понеделник, 26 август 2024

Пијанистката Мимоза Ќека дел од иницијативата „Европа за Украина“

Пијанистката Мимоза Ќека дел од иницијативата „Европа за Украина“
Скопје, 19 април 2022 (МИА) - Нашата пијанистка Мимоза Ќека ќе биде дел од групата музичари од 50 европски земји кои ќе учествуваат во снимањето на оригиналната композиција на Амелија Реј, „Раце во срца“. Песната е во рамка на иницијативата „Европа за Украина“, како гест на солидарност со оваа земја и ќе биде објавена на Денот на Уставот на Украина - 28 јуни. - Исто како што САД за Африка поттикна надеж за подобра иднина кога композицијата „We Are The World“ беше објавена во 1985 година, преку „Раце во срца’ („Hands in Hearts“), „Европа за Украина“ го инспирира ветувањето за посилна заедница, поддржувајќи ја љубовта кон соседот, велат организаторите. ијд/сп/

Остани поврзан