• петок, 05 декември 2025

Пиеракакис: Грција планира десет години порано да ги исплати кредитите од првата програма за спасување

Пиеракакис: Грција планира десет години порано да ги исплати кредитите од првата програма за спасување

Атина, 13 мај 2025 (МИА) – Кредитите од првата програма за спасување, Грција планира да ги исплати десет години порано од првично планираното, посочи министерот за национална економија и финансии Кирјакос Пиеракакис во интервју за „Блумберг“, јави дописничката на МИА од Атина.

Пиеракакис објасни дека „до 2031 година, ова поглавје треба дефинитивно да биде затворено“, потсетувајќи дека земјата веќе има предвремено отплатено дел од кредитите и е „нешто што има намера да го повтори во 2025 година“.

- Фискалната дисциплина не е избор на политика, туку правило, посочи министерот.

Дополнително нагласи дека Грција е меѓу шесте земји од ЕУ кои забележаа суфицит во 2024 година, што според него, главно се должи на напорите на Владата во борба против даночното затајување.

Посочи дека очекувањата се примарниот суфицит за 2025 година да достигне 3,2 отсто од БДП.

Во однос на царините од САД и нивното влијание врз Грција, министерот за национална економија и финансии истакна дека земјата поддржува слободна трговија, но и дека како членка на ЕУ, Грција ќе ја следи позицијата на Европа во преговорите со САД, кои веќе се во тек. ср/ссм/

Остани поврзан