• вторник, 24 декември 2024

Пешиќ се повлече од клупата на Србија

Пешиќ се повлече од клупата на Србија

Белград, 10 септември 2024 (МИА) - Легендарниот стручњак Светислав Пешиќ повеќе нема да ја води кошаркарската репрезентација на Србија, пренесоа српските медиуми. Пред неполн месец Пешиќ ги предводеше „орлите“ до бронзениот медал на Олимписките игри во Париз.

Српските кошаркари со Пешиќ како тренер пред олимписката бронза освоија сребро и на минатогодишното Светско првенство. Искусниот стручњак се врати на клупата на репрезентацијата во исклучително тежок момент за српската кошарка, откако под водство на Игор Кокошков, „орлите“ не успеаја да се пласираат на Олимписките игри во Токио во летото 2021 година.

Претходно Пешиќ ја водеше репрезентацијата на Југославија од 2000 до 2002 година и со неа стигна до европскиот и светскиот трон. Токму во понеделникот се навршија 22 години од последната освоена титула на кошаркарската репрезентација – на Мундобаскетот во Индијанаполис. дс

Фото: Архива

Остани поврзан