• петок, 08 ноември 2024

Пецас: Грција бара од ЕУ листа со санкции за Турција во случај да ги прекрши нашите суверени права

Пецас: Грција бара од ЕУ листа со санкции за Турција во случај да ги прекрши нашите суверени права
Атина, 13 јули 2020 (МИА) - Грција бара од Европската Унија да има подготвена листа со силни мерки во случај Турција да ги прекрши нашите суверени права. А Европа мора да сфати дека има обврска да донесе одлуки за да ја запре турската провокација, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите и објасни дека овие мерки за Турција би можеле да бидат во вид на дипломатски, политички или економски санкции,  јави дописничката на МИА од Атина. Истакна дека прашањето, денеска ќе го покрене шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас на состанокот на Советот за надворешни прашања на унијата. -Грција смета дека е неопходно да се испрати силна порака до соседната земја дека никој не може неказниво да го прекршува меѓунродното законодавство. Активностите, комплетно спротивни на меѓународните обврски и меѓународното право, ќе имаат конкретни последици, истакна Пецас. Во однос на одлуката на Турција, Света Софија од музеј да стане џамија, портпаролот на грчката Влада потенцираше дека станува збор за светско, а не грчко - турско прашање, објасни дека Мицотакис покренал иницијатива за консултации со негови колеги, а веќе разговарал со Весленскиот патријарх Вартоломеј и со грчкиот архиепископ Јеронимос. -Станува збор за историска грешка и светската заедница мора да реагира. Прашањето не грчко - турско, туку е светско и оваа димензија цвсто ја истакнуваме, како пред, така и по одлуката на Ердоган, рече Пецас. ср/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан